Македонски туристи позитивни на коронавирусот вратени од Грција, цел автобус во изолација

Четири лица кои биле на одмор во Грција се вратија во Македонија позитивнни на коронавирусот. Сите лица се ставени во изолација, ова го потврди за Телма директорката на здравствениот испекторат Ирина Бухова

„Во овој момент здраствениот инспекториат има издадено решение на четири граѓани позитивни на Covid-19 кои вчера допатувале од годишниот одмор од Грција, и уште еден патник се пожалил дека ги има симптомите на вирусот, утре ќе биде тестиран. Епидемолозите ги имаат контактите од епидемолошката анкета која сѐ уште е во тек“, ова го изјави за Телма директорката на здравствениот инспекторат.

Бухова истакна дека бројот може да се зголеми, бидејќи групата во којашто биле заразените броела 26 патици. Колку се вратени во Македонија, епидемилозите допрва ќе испитуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.