Македонските компании договориле работа во странство од 6 милијарди денари

Македонските градежни компании во првите шест месеци од годинава договориле работа во странство во износ од 6.046.991 илјади денари. Тоа е за 27,7 отсто повеќе од овој период ланската година, велат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 616.615 илјади денари, што е за 41,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Забележан е зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Холандија, Швајцарија, Бугарија и Босна и Херцеговина, додека на другите пазари е регистриран намален обем.

Хрватска и Франција, пак, се јавуваат како нови пазари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.