„МАЛИ НЕШТА“ (со големи букви) проект на Група МОМИ ќе се реализира вечерва

Група МОМИ по повод роденденот на уметноста ќе го реализира проектот насловен „МАЛИ НЕШТА“ (со големи букви) вечерва во 19 часот во Автономниот културно социјален центар,

На поставката со своите дела ќе се претстават седумте авторки: Христина Зафировска, Марија Сотировска, Татјана Ристовска, Зорица Зафировска, Маја Кировска, Ана Ивановска и Кристина Хаџиева.

Секоја од нив поаѓајќи од својата приказна гледана преку личниот објектив, ќе ни ја претстави визијата која ја достига преку сопствениот контемплативен процес. Ќе бидат претставени седум различни перспективи, ослободени од популарните и естетските притисоци, спротиставени на стереотипите и вообичаеното врамување на нештата.