Малку беа 4 години да се донесе ДУП на Расадник, смета Темелковски

Малку беа 4 години за да се донесе ДУП на Расадник, се пожали градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски во „Студио 10“ на ТВ24.

-Во изминатите 4 години дел од работите од објективни причини не ги завршивме. Некогаш граѓаните имаа потреба од поприоритетни работи кои не сме ги донеле во програмата. Имавме ветено две градинки, едната во Драчево ја направивме, самиот детален план за Расадник е над 100 хектари, планот кој се правел во 2012 година не ја зел во предвид индустријата. Малку беа 4 години да се донесе ДУП на Расадник. Има огромна површина во урбаната заедница „11 Октомври“ која ги задоволува потребите за рекреација. Ние како политичари треба да ги кажуваме вистините, да бидеме одговорни. Земјиштето во Расадник околу 40% е приватна сопственост. Ние сега немаме средства за да го откупиме тој простор. Треба да ги зголемиме даноците, што би било на штета на граѓаните. Таму ќе има станбен дел, но има и голем општествен дел, вели Темелковски.