Малолетничка го роди првото бебе во Штип годинава

Првото новороденче во штипската Клиничка болница е машко, прва рожба на 17-годишна мајка од светниколското село Горабинци. Вработените во Акушерското одделение утринава ги развесели плачот на здравото и првото новороденче во 2021 година.

Началникот на Одделението за Гинеколгија и акушерство, Емил Џидров вели дека во 8,30 е породено првото новороденче во штипската Клиничка болница.

„Годината 2020 ја завршивме со 702 раѓања, што е приближно иста бројка, како и во 2019 година, кога имавме 708. Бројот на машки и женски бебиња се приближно исти, од кои 349 машки и 353 женски бебиња“, рече Џидров.

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов, и директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев попладнево го посетија првото новороденче.

„Новороденчето е со три килограми и 150 грама, должина од 50 сантиметри. Здраво и машко бебе, а денеска во одделот за Гинекологија и акушерство го посетивме. Традиционално како Општина Штип му подаривме штедна книшка од 10.000 денари, како и хранилка, а исто дадовме и по 10.000 денари на гинеколгија и акушетство и неоанатологија“, изјави Николов.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ѓеорѓијев вели дека новогодишната ноќ, за дежурните во болницата, помина помирно од вообичаено, но сепак, не без работа и пациенти, како последица на сообраќајни несреќи или бурна новогодишна прослава. На новогодишната ноќ се случиле две сообраќајни несреќи и една тепачка, за интервенција се јавиле осум пациенти, од кои еден е хоспитализарн, а останатите се испратени на домашно лекување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.