Малолетнички држеле во заробеништво во Шутка и ги присилувале на проституција

Две лица викендов се приведени од мобилната единица „Алфа“ бидејќи во заробеништво цели три месеци држеле три малолетни девојчиња од кои најмалато имало 14 години.

Полицијата информираше дека се поднесени кривични пријави против   А.Р.(18) и А.Р.(21) и двајцата од Скопје, за „детска проституција“. Тие во куќа на нивни вујко во Шуто Оризари, ги држеле заклучени трите девојчиња кои биле на возраст од 14 до 16 години. Против нивна волја им носеле клиенти за сексуални услуги, за што пријавените наплаќале од 300 до 2.000 денари.

За да  се знае дека девојчињата работат за нив, пријавените присилно им ги истетовирале нивните имиња на рацете, а кога ќе одбиеле да даваат сексуални услуги, биле грубо физички и психички малтретирани.

Во петокот две од девојчињата успеале да избегаат од куќата, по што случајот го пријавиле во полициска станица. Полицијата.

Пријавените покрај тоа што се регистрирани нарушители на јавен ред и мир во периодот помеѓу 2011/2014 се поднесени вкупно 21 кривична пријава за дела проследени со насилство, крвни и имотни деликти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.