МАН: Медиумите да известуваат одговорно за акцијата „Пуч“

Македонската асоцијција на новинари (МАН) ги повикува сите свои членови, како и сите медиуми во Македонија, да се информираат за препораките на Европската унија во врска со следење и известување за случајот познат под називот од полициската обработка како ПУЧ, и да ги почитуваат препораките на Европската унија изнесени и објавени вчера.

Според препораките, од Европската унија, се бара од медиумите да известуваат професионално и одговорно, што и ние го поддржавме. За таа цел ги повикуваме членовите на МАН, како и новинарите кои се уште не се наши членови, како и медиумите во Македонија да бидат одговорни, и да го почитуваат законот кој наложува да не се објавуваат материјали, прислушкувани телефонски разговори, кои се незаконски создадени и прибавени, како и видео снимки со истатите карактеристики… кои сами по себе се кривично дело, а нивното објавување кое нанесува ненадоместлива штета на учесниците е исто така кривично дело кое при објавување или пренесување би го сториле новинари и медиуми за што би подпаднале под законска, кривична одговорност.

Во наведениов случај новинарот и медиумот знаат дека самото поседување тајно снимени разговори е кривично дело, дека истите се дел од кривична постапка, и секое нивно објавување е соучесништво како и продолжување на кривичното дело од член 151, кое се однесува на незаконско прислушкување и тонско снимање, како и во врска со член 152 кој се однесува на неовластено снимање.

За овој случај, за кој и Европската унија тврди дека е исклучително важен и чувствителен, бараме од медиумите да покажат и соодветна одговорност. Да го почитуваат законот, да остават експертите и судот да утврдат дали има автeнтичност во тие снимки, и одговорност за оние кои снимките незаконски ги создале, можеби монтирале, и дистрибуирале во јавноста. Медиумите се обврзани на почитување на законот и заштита на угледот, без оглед дали се работело за пренесување детали или снимки од учесници во кривични дела педофилија, или пак учесници од кривично дело неовластено прислушкување според член 151 од КЗ. За последици од спротивното однесување медиумите одговараат сами, и во постапките повразни со прекршувањата по основ на наведените закони нема да имаат поддршка од Македонската асоцијација на новинари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.