Манчестер Јунајтед ја зголеми понудата за Куадрадо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луј ван Гал не се откажува од намерата во текот на летниот преоден рок да го ангажира Колумбиецот, Хуан Куадрадо.

Ако може да се верува на медиумите во Англија, “црвените ѓаволи” за Колумбиецот се подготвени да платат обештетување од 45 милиони евра што е за пет милиони помалку од сумата што ја бара Фиорентина.

Преговорите се се уште во тек и се шпекулира дека италијанскиот клуб ќе ја прифати понудената сума од страна на Манчестер Јунајтед.

Покрај Куадрадо на листата на потенцијални засилувања е и холандскиот репрезентативец, Дејви Блинд за кој клубот од Олд Трафорд е подготвен да издвои меѓу 20 и 25 милиони евра.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.