Марковиќ: Лазаров е најдобриот играч во светот

Босанскиот селектор Драган Марковиќ ја гледа нашата селекција многу подалеку од осминафиналето.

Марковиќ за босанските медиуми вели дека уште пред почеток на СП тврдел дека Македонија има сила и задно со Шведска се тајни фаворити.
-Македонија и Шведска можат далеку до дотуркаат на овој Мундијал. Киро е сигурно голема звезда и најдобар играч во светот. Ми се допаѓа многу како игра Македонија, особено на првиот меч со Тунис, и сите нѐ воодушеви. Играше дисциплинирано и добро во одбрана, вели Марковиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.