Машки леш пронајден во вештачкото езеро кај Прилеп

Машки леш бил пронајден во водите на вештачкото езеро крај Прилеп.

Како што соопшти МВР, лешот бил забележан вчера околу 15,20 часот од страна на граѓанин. Извршен е увид на местотот на настанот при што е констатирано дека се работи за Гоце Т.(51) од Прилеп.

Констатирана е смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.