Мастеркард казнет со 570 милиони евра

Европската комисија соопшти дека го казнила Мастеркард со 570,6 милиони евра за ограничување на можноста на трговците да имаат корист од подобрите услови што ги нудат банките во другите земји во Европската унија.

  • Преку спречувањето на трговците да пазаруваат во подобри услови што ги нудат банките во другите земји-членки, со правилата Мастеркард вештачки ги зголемил трошоците за исплата на картички, и со тоа им наштетил на потрошувачите и трговците на мало во ЕУ, нагласува европскиот комесар за конкурентност, Маргрет Вестагер, во соопштението.

Комисијата му ја намалила казната на Mастеркард за 10 отсто поради соработка во истрагата.