Медуњанин: Само Меси може да го споре Меси

Репрезентативецот на БиХ, Харис Медуњанин, веднаш по натпреварот против фаворизираната селекција на Аргентина изјави дека нема таков дефанзивец кој може да излези на крај со фудбалскиот “магионичар”, Лионел Меси.

„Невозможно е да го сопреш Лионел Меси. Само Меси може да излези на крај со Меси. Беше мирен до 60 минута, го чекаше вистинскиот момент. Во најважниот момент и помогна на неговата репрезентација, ја покажа својата класа, постигна прекрасен погодок. Искрено, сакам да ја освои светската титула, да го освои единствениот трофеј кој му недостасува. Ако ја освои светската титула, Меси ќе биде запаметен како еден од најдобрите фудбалери на сите времиња”, изјави одличниот играч за врска.