Mеморандум за соработка меѓу Македонската банкарска асоцијација и Агенцијата за заштита на личните податоци

Македонската банкарска асоцијација (МБА) и Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) потпишаа Меморандум за соработка за постојано унапредување на степенот на заштитата на личните податоци во Република Македонија.

„Меморандумот ги изразува заложбите на МБА и АЗЛП за соработка во областа на заштитата на личните податоци со цел ефикасна и целосна имплементација на законските прописи и стандарди за заштита на личните податоци во рамки на банкарскиот систем во Република Северна Македонија и при вршење на финансиските активности“, соопшти Македонската банкарска асоцијација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.