Милијарда долари штета од земјотресот во северна Калифорнија

Како што јави ДПА, земјотресот којшто вчера го погоди северниот дел на Калифорнија, со јачина од 6,1 степен по Рихтер, предизвика материјална штети во вредност од речиси една милијарда долари.

Во најсилниот земјотрес што во изминатите 25 години го погодил регионот на Сан Франциско беа повредени 170 лица, а најтешко е оштетен градот Напа.

Напа е центар на винарската индустрија во регионот, каде се уништени неколку историски и станбени згради.

Поради истекување на гас во градот, по потресот избувнале околу шест големи пожари.