Милитанти од Боко Харам убиле 24 лица во нигериската држава Борно

40 жртви во серија експлозии во Нигерија
40 жртви во серија експлозии во Нигерија

Исламските милитанти од Боко Харам преоблечени во имами убиле 24 лица и раниле уште неколку други во напад во близина на џамија во североисточната нигериска држава Борно, објави МИА.

Како што пренесува агенцијата ФЕНА, напаѓачите вчеравечер со автомобили се довезле во оддалеченото село Књајафа и во локалната џамија го собрале локалноот население, претварајќи се дека се проповедници на исламот.

-Потоа, одеднаш тие отворија оган врз нив – изјави сведокот Симеон Буба.

Шестгодишниот бунт на оваа милитантна група и неуспехот на претседателот Гудлак Џонатан да го спречи и да ги заштити цивилите се меѓу факторите кои доведоа до победата на опозицискиот кандидат Мухамад Бухари на минатонеделните избори.

Групата која се бори за исламска држава досега има убиено повеќе илјади лица и има грабнато стотици други, иако воената операција против нив, што ја водат Нигерија и соседите Чад, Камерун и Нигер, им нанесе жестоки удари на овие милитанти.

– Луѓето не знаеле дека членови на Боко Харам се дојдени во селото за да ги нападнат бидејќи претходно ги излажале дека се дојдени да проповедаат. Отвориле оган врз нив и притоа убиле многу луѓе -изјави Буба телефонски, додавајќи дека милитантите запалиле и многу куќи.