Мирис кој во себе ги впил сите нијанси на среќа

Clinique_HappyБогатиот цветен мирис, ви дава чувство на топлина и ги продлабочува емоциите. Клиник во го претставува парфемот Happy кој во себе ги впил сите можни нијанси на среќата, доброто расположение и искрена радост.

Овој парфем со богат цветен мирис со сигурност ќе донесе насмевка на вашите усни.

Мирисните ноти на свежо јаболко, слива, бергамот и свеж воздух во високите тонови преминуваат во егзотично цветно срце од фрезија, јоргован, ружа и орхидеја. Во основата крие мирисни тонови на мошус и килибар.

Парфемот за прв пат се појави на пазарот во 1998 година, а истата година ја доби и наградата FiFi.

Заедно со парфемот, достапни се и други производи за нега на тело, млеко за тело и купка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.