Мировната формула на Зеленски е едиствениот одржлив предлог за праведен мир во Украина, оцени Борел

Мировната формула на Зеленски е едиствениот одржлив предлог за праведен мир во Украина, оцени Борел
Мировната формула на украинскиот претседател Володимир Зеленски е едиствениот одржлив предлог и ЕУ мора да најде начини како да ја поддржи и да ја постави во центарот на меѓународните разговори за постигнување праведен мир во Украина, порача денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел на прес-конференцијата по завршувањето неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата во шпанскиот град Толедо.

Тој нагласи дека клични теми на средбата биле Украина и можноста за нејзина финасиска поддршка од страна на ЕУ во следните четири години, кака и случувањата во регионот на Сахел, пред се во Нигер.

Како што истакна Борел на Украина и е потребна предвидлива и одржлива поддршката на долг рок, во чија срж треба да биде финасиската помош за обезбедување воена опрема, како и обука на украинските војници во армиските центри на територијата на ЕУ.

– Многу е важно да продолжи поддршката на Украина со воена помош и се надевам дека за тоа ќе постигнеме согласност во Советот (на ЕУ) до крајот на годината, рече Борел, додавајќи дека министрите се согласиле со неговиот предлог веќе од следниот месец да почне обука на 40.000 украински војници, од кои дел ќе се обучуваат на Воената академија во Толедо.

Борел информираше дека на состанокот присуствувал и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој своите европски колеги ги информирал за најновите случување на теренот во Украина, при што посочил дека продолжиле нападите врз цивилни објекти и тоа пред се врз училиштата на првиот ден од новата учебна година.

– Неколку училишта биле ракерирани од дронови. Тоа не е случајно, тоа се прави намерно. Многу наставници загинаа при овие напади, изјави Борел.

Тој истакна дека министрите биле информирани и за дипломатските напори што се прават за да се дојде до преговори за постигнување мир, но како што нагаласи, потребен е праведен мир со кој нема да биде нарушен територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Борел истакна на средбата станало збор и за начините како да и се помогне на Украина да извезува храна, откако рускиот претседател Владимир Путин го суспендираше Црноморскиот договор за житото.

– Путин со агресијата не и нанесе штети само на Украина, туку и на земји кои се одделечени стотици километри. Првпат гледаме дека тие земји ја обвинуваат Русија дека се соочуваат со последиците од користењето на храната како оружје, изјави Борел.

Жосеп Борел

Според него, одлуката за суспензија на Договорот за житото претставува руски дипломатски неуспех, со што Русија го „губи тлото на меѓународната сцена“.

– Ние мора да ги продолжиме нашите напори за поддршка на Украина и да се бориме против дезинформациите што Русија ги шири ширум светот. Ова е и војна на наративи. Војна на раскажувачи на приказни како да се претстави оваа војна и ние мора да се бориме против тоа, порача Борел.

Во врска со случувањата во Нигер, како што информираше Борел, министрите го осудиле воениот пуч и побарале итно ослободување на соборениот нигерски претседател Мохамед Базум и неговото семејство и враќање на уставниот поредок во земјата и се договориле да започне израборка на правна рамка за воведување санкции кон членовите на воената хуната.

Во тој контекст, министрите изразиле солидарност со Франција по одлуката на воената хунта за протерување на францускиот амбасадор од оваа земја.

На овој дел од средбата присуствувале и, како што рече Борел, „легитимниот министер за надворешни работи на Нигер“, именуван од Базум и претставници на ЕКОВАС, кои ги презентирале предлозите на организацијата за надминување на кризата во Нигер.

Тој нагласи дека водени од принципот „африкански решенија за авриканските проблеми“, ЕУ ќе ги следи и поддржува мерките што ќе ги презема ЕКОВАС, но дека прво сака да види што Заедницата планира да преземе, бидејќи со евентуани санкции не би сакале да предизвикаат дополнително страдање на луѓето во Нигер, која е меѓу најсиромашните земји во светот.

– Базум беше единствениот демократски избран престседтаел во регионот на Сахел. Врз него беше извршен притисок да поднесе оставка и тој го стори тоа, но ние продолжуваме да го поддржуваме, истакна Борел, одавјќи дека во моментов се дава приоритет на дипломатските напори, а воена акција засега не е во игра.

Тој информира дека на средбата станало збор и за вчерашниот воен удар во Габон, посочувајќи дека тоа што се случи во оваа земја не треба да се споредува со Нигер, бидејќи станува збор за сосема различни состојби.

Неформалните состаноци на министрите на ЕУ се собири на кои не се носат никави одлуки, туку само се раговара за одредени теми и се разменуваат мислења и гледишта врз основа на кои потоа се изработуваат предлог-решенија кои се усвојуваат на формални министерски заседанија.