Млада битолчанка на 33 години почина на Инфективно

Битолчанка на 33-годишна возраст утринава почина на Инфективно одделение во Битола, пренесува Независен.

Како што информираат од Клиничката болница Битола, девојката била примена вчера вечер како сомнителна на Ковид-19.

Поради брзата и ненадејна смрт побарана е обдукција врз телото на починатата со цел утврдување на причината за смртта.