Младеновиќ ја спакува Ли На

По елиминацијата на Станислав Вавринкана машкиот дел од турнирот на вториот грен слем турнир РоланГарос, се случи и првото големо изненадување на женскиот дел на турнирот во Париз. Настапот на вториот грен слем турнир го заврши едена од најголемите фаворитки за титулата и поранешна шампионканатурнирот Кинеската Ли На, која во три сета загуби од Кристина Младеновиќ со 7:5, 3:6, 6:1.

На останатите мечеви, Симоне Халеп премногу лесно ја демолираше Клејбанова со 6:0, 6:2, додека Вотсон славеше над Захвалова-Стрицова со 2:0 во сетови. На машкиот дел од турнирот овој гранслем заврши во првото коло и за Григор Димитров, откако Бугаринот попладнево загуби со максимални 3:0 од хрватскиот џин Иво Карловиќ, а со идентични 3:0 славеше и Сепи во дуелот со Џиралдо.