Мнозинство Црногорци го поддржуват влезот на земјата во НАТО

Мнозинство граѓани од Црна Гора го поддржуваат пристапувањето на земјата кон НАТО, изјави министерката за одбрана на Црна Гора Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ, јави ТАСС.

– Црна Гора е демократска држава, каде што се зема предвид она што го мисли народот, нашите граѓани, изјави Ѓуришиќ во говорот пред Атлантскиот совет во Вашингтон.

– Со големо задоволство морам да кажам, дека мнозинството граѓани на Црна Гора го поддржуваат членството во НАТО, посочи министерката и дополни, дека разликата меѓу приврзаниците и противниците на Алијансата е околу 10 проценти.

Црна Гора очекува да влезе во НАТО кон средината на 2017 година, изјави неодамна премиерот Мило Ѓукановиќ, откако неговата земја и НАТО потпишаа протокол за пристапување, и покрај загриженоста на Русија во врска со овој потег.

Црна Гора ќе биде третата земја од Западен Балкан, која ќе пристапи кон Алијансата, по Албанија и Хрватска.