Монографии посветени на Платон и Аристотел од академик Митевски

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, во рамките на десеттомната едиција „Античката филозофија и нејзиното влијание“,  излегоа од печат третата и четвртата книга посветени на „Платон“ и „Аристотел“ од академик Витомир Митевски.

На страниците од овие две дела од капитално значење е даден темелен преглед на филозофијата на Платон и Аристотел, без сомнение, двете најкрупни и највлијантелни филозофски фигури во западниот свет до денес. Вториот дел од книгите донесува избор од нивните најзначајни списи во превод на авторот и тоа од изворниот, старогрчки јазик што на читателот му овозможува директна средба со  мислата и говорот на двајцата антички мудреци.

Притоа, посебно внимание е посветено на филозофската терминологија и нејзината презентација на македонски јазик.

Vitomir Mitevski - Anticka fi...