Морнарицата на Украина е блокирана од вооружени лица

Штабот на поморските сили на Украина е блокиран од вооружени лица, пренесе украинското издание „Лига“.

Вчера главниот влез на штабот на флотата бил блокиран од проруски демонстранти кои почнале изградбата на барикади од штици и автомобилски гуми. Според зборовите на претставник на штабот, ситуацијата е напната и офицерите очекуваат политичка одлука . Во исто време тие нагласуваат дека остануваат верни на заклетвата до украинскиот народ и се подготвени да одговорат на нападот на руските поддржувачи.

Претходно беше соопштено дека во текот на изминатата ноќ не се регистрирани напади над украински воени делови, но ситуацијата околу нив останува напната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.