Зголемен морталитетот во 2014. во однос на 2013.

Зголемен морталитетот во 2014. во однос на 2013.

Бројот на починати лица во Македонија во 2014 година е зголемен за 2,7 проценти во однос на 2013 година и изнесува 19.718. Поголем број се од машки пол, 10.210 или 51,8 проценти од вкупно починатите, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на починати доенчиња е 233 и нивното учество во вкупниот број умрени лица изнесува 1,2 проценти на 100 починати лица, пренесува МИА.

Просечната возраст кај починатите од машки пол изнесува 69,9 години, односно 74,8 години кај лицата од женски пол, или за 4,9 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Како и во минатите години најголемо учество имаат починати лица од болести на циркулаторниот систем, и тоа во 57,2 проценти случаи од вкупно умрените, по што следат случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите, 18,9 проценти. Со 4,2 проценти се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, со 3,6 проценти се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.