Моторџија намерно прегазил полицаец

Скопјанец со мотор удрил во полицаец, откако се обидел да избега при сообраќајна контрола, вчера во центарот на Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 23 часот на крстосницата од булеварот Партизански Одреди со улицата Франклин Рузвелт. Таму полициски службеници преземале службени дејствија за контролирање на возачи кои управуваат моторцикли. Тогаш забележале возач кој управувал мотор „јамаха“ без регистарски ознаки. Тие се обиделе да го сопрат за контрола, но возачот не застанал на наредбата и со предниот дел од моторот удрил во еден полицаец  при што со моторот паднал на коловозот.

Од ударот полицискиот службеник добил повреди и со возило на Итна мединска помош е пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“. Мотоциклистот, лицето Р.К.(22) од Волково, е приведен и се работи на расчистување на случајот.