Мрзнење има, се советуваат лозарите како да ја обават резидбата

мрзнење

Завршија согледувањата на терен. Мрзнењето е најголемо кај понеотпорните сорти на грозје како десертните „кардинал” и „афусали” и винските „вранец” и „смедеревка”, кои се наоѓаат во низините и покрај реките Црна и Луда Мара, појасни Николов.

Тој соопшти дека веќе отпочнале со советувања за лозарите, околу тоа како да ја обавуваат резидбата во услови на мрзнење кај виновите лози.

Кај подебелите прачки мрзнењето е поголемо. Затоа им препорачуваме на производителите на грозје да внимаваат и да оставаат потенки прачки за ластари. Догодина ќе нема последици од ова мрзнење, освен во лозјата каде измрзнувањето е стопроцентно. Таму ќе треба да се формира ново стебло, додаде Николов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.