Мукоски до СДСМ: Ако сакате мнозинство во Собранието, најпрво треба да излезете на избори

Во рамките на денешната седница на Собранието на Република Македонија на која што пратениците расправаат за Комисијата за оценување на основаноста за покренување на постапка за утврдување на одговорност на Претседателот Ѓорѓе Иванов пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ побара од колегата Сугарески да се насочи расправата кон шерсоналните решенија и бројката на членови, а не да се суди на луѓето како што тоа го направи пратеникот од СДСМ Горан Сугарески.

Прво не е во ред, како второ сте правник и треба некои работи да ги познавате, а не однапред да им судите на луѓето, трето ве молам немојте да се водите од оној еден орган кој што за жал во мое лично име кажувам го поддржавме и јас гласав, поради тоа што се однесува во минатото како некои органи кои што се однесуваа во 12 и 13 век по начинот на работа и по нивните методи кои што се спроведуваат. Ако сакате да бидеме конструктивни и целисходни во  нашата работа дајте да дискутираме за составот на оваа комисија или конкретно за персоналните решенија за бројката, а не да разговараме за постапките на Претседателот Ѓорѓе Иванов. Ќе имаме можност и тука ќе ги судриме нашите аргументи, рече Мукоски.

Мукоски исто така му посочи на колегата Сугарески дека наместо да свиркаат и да фрлаат со бои, за да освојат мнозинство во Собранието најпрво треба да излезат на избори и да ја добијат поддршката на граѓаните.

И трето, за кое што највеќе се буневте за членот 206 став 2 од деловникот за работа на Собрание на Република Македонија каде што јасно е кажано, составот на комисијата или бројот треба да ја одразува соодветната застапеност на пратениците. Колега Сугаревски во моментов мнозинство во Собранието има ВМРО-ДПМНЕ. Ако не верувате пробајте не. И треба добро да знаете дека во политиката има едно правило, кој има 50 плус 1 владеат а другите само свиркаат, фрлаат со бои меѓутоа додека ен излезат на избори и не победат никогаш нема да го имаат мнозинството во Собранието, додаде Мукоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.