Муса Џафери: Ќе испитаме дали Талат Џафери може да учествува во раководството на ДУИ

Муса Џафери за ТВ21 изјави дека ќе се консултира Надзорниот совет на ДУИ за учеството на собранискиот спикер Талата Џафери во раководството на партијата.

„Во оваа појдовна точка прво ќе се консултираме со учеството на претседателот на Собранието во претседателството, од причина што претседателството е извршен орган и дали е тоа во согласност со законот и Уставот“, рече меѓу другото Муса Џафери за ТВ21.

Порпаролот на ДУИ, Бујар Османи претходно денеска изјави дека не гледа проблем за присуството на Талат Џафери на состанокот, иако според закон, претседателот на Собранието не смее да има партиски функции.