Муслиманите бараат прекин на производството на патики на Nike

Илјадници муслимани потпишале петиција со барање американскиот производител на спортска опрема „Nike“ да го повлече од продажба и да престане да го произведува моделот Nike Air Max 270, бидејќи на долниот дел од обувките наводно потсетува на написот на зборот Алах, пишува во четвртокот информативниот портал Hurriyet Daily News.

Според иницијаторите на петицијата, којашто веќе две седмици е поставена на сајтот Change.org, досега успеале да соберат повеќе од 14.000 поптиси. Притоа порачуваат дека сите оние кои ги носат овие патики ги навредуваат верниците.

„Тоа што Nike си дозволиле да го стават името на Господ на обувките, е срамно и ужасно. Тоа е непочитување и крајно непријателски кон муслиманите, навредливо за исламот. Исламот учи на сочувство, добрина и справедливост кон сите“, вели активиската на движењето за правата на муслиманите, Саига Норин.

Таа бара од производителоте „да ги повлече од продажба овие богохулни и навредливи обувки и сите промероци со обрасци кои наликуваат на зборот Алах во целиот свет“.

Од „Nike“ соопштиле дека се запознаени и оти ја разгледуваат петицијата.

Во 1997 година компанијата веќе се соочи со слични тврдења и обвинувања, по што беше принудена да ја повлече од продажба целата продукција со модел на кој ознаката, исто така, беше слична на зборот Алах на арапски јазик.