МЖ–транспорт од почетокот на јули укина десет железнички стојалишта

Македонски железници – траснпорт од 1 јули, годинава укина десет железнички постојки-стојалишта долж пругите во земјава: Стоби, Смоквица, Нова Смоквица, Милетково, Ореше, Пчиња, Кадина Река, Клисура, Згрополци и станицата „Даме Груев“.

Како што појаснија од МЖ за МИА, укинувањето е поради тоа што овие стојалишта не биле рентабилни односно никој од патниците подолго време не се симнувал на нив. Тоа било заклучено по повеќе од едногодишното истражување спроведено од нивни тимови. Воедно, појаснија дека со тоа МЖ ќе заштеди финансиски средства, бидејќи само едно запирање на возот, МЖ транспорт го чини 300 евра. Тие појаснија и дека од три воза, два не запираат на овие станици.

Како што посочија и со примери, увидено е дека голем дел од поранешните жителите од село Ореше кои таму одат повремено, користат сопствен превоз – автомобил. Тие, пак, кои патуваат со возот не запираат на станицата во Ореше, туку во Богомила, а потоа со такси до село Ореше.

На новинарско прашање на МИА, што со групи граѓани кои сакаат да одат на пример до археолошкиот локалитет Стоби, како и за останатите стојалишта, кои се укинати, тие појасније дека е потребно писмено или преку меил да достават барање до МЖ транспорт, кое треба да се одобри, во кој ден и час бараат возот повторно да запре на дадена постојка – стојалиште.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.