МЗТ Аеродром и Карпош Соколи во борба за кошаркарскиот Супер куп

Во второто полуфинале на турнирот Карпош Соколи го победи Куманово со 82:72. Со исклучок на последната четвртина која заврши нерешено (15:15), другите три им припаднаа на кошаркарите на Карпош Соколи.

Кај победничката екипа почетната петорка натпреварот го заврши со двоцифрен број поени. Најпрецизен на дуелот беше Данило Мијатовиќ од Куманово со 21 поен.

Финалето на Супер купот се игра вечерва од 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.