Набљудувачи: Референдумот на Крим тече мирно

Меѓународните набљудувачи кои го надгледуваат референдумот за идниот статус на Крим, засега не воочиле никакви нерегуларност, истакнува Матеуш Пискорски, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ.

Тие регистрирале поголема излезност и кримските Татари се многу активни учесници на референдумот.

И набљудувачот од Шпанија, пратеник од Каталонскиот парламент, Енрико Раваљо, регистрира голема излезност и подвлекува дека „референдумот се одвива слободно без било какви притисоци“.

Тој забележал дека на Крим „постои многу поголема слобода одошто во Каталонија која планира сличен референдум да одржи во ноември, што наидува на 80 отсто од населението“.