Најдобри дестинации за „зимско летување“

Најдобри дестинации за „зимско летување“
Најдобри дестинации за „зимско летување“

Ако сакате „зимување на плажа“,  постојат многу  опции.

Зеленортски Острови

Овој вулкански архипелаг се наоѓа на само еден час летање од Канарските острови и гарантира сончеви денови со просечна максимална температура од 26 Целзијусови степени.

Дубаи

Најраскошниот од Обединетите Арапски Емирати има многу пријатни зимски температури. Во ова време годишната просечна дневна температура е 26 Целзијусови степени.

Абу Даби

Најголемиот од Обединетите Арапски Емирати, освен пријатни зими, има и бројни културни содржини. Како и во Дубаи, просечната температура е 26 целзијусови степени во декември.

Оман

Мускат е прекрасен град во кој можете да уживате во бројни културни содржини, но и на плажи. Просечната температура е 27 Целзијусови степени.

Гамбија

Оваа држава е најмала во континенталниот дел на Африка. Во зима температурата достигнува 30 Целзијусови степени.

Мароко

Есауира, град на западниот брег на Мароко има прекрасни плажи и услови кои се иделн за едрење. Просечната температира во зма е 20 Целзијусови степени.

Канарски острови

Лансароте  епрекрасно место. Просечната температура во декември е 22 Целзијусови степени.

Мозамбик

Португалско колонијално наследство и преубави плажи на Индискиот океан ја прават Мозамбик идеална дестинација за „зимско летување. Просечната температура во декември е 29 Целзијусови степени.