Најголан во Милан, се чека само зелено светло од Берлускони

Големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Милан, најверојатно ќе излезе како победник во трката по потписот на белгискиот интернационалец од редовите на Калјари, Раџа Најголан.

Италијанските медиуми пред неколку часа ја пласираа информацијата дека преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза, но последниот збор околу трансферот ќе го има сопставеникот на „росонерите”, Силвио Берлускони.

Проранешниот премиер на Италија мора да даде зелено светло околу обештетувањето за одличниот играч за врска кое сигурно нема да биде помало од 7.750 милиони евра.

Доколку двата клуба постигнат договор во следните неколку дена, Најголан веќе од 30 декември ќе му биде на располагање на предводникот на Милан, Масимилиано Алегри.