Најстарата Европејка наполни 116 години

Најстарата жителка на Европа, Италијанката Ема Морано го прослави својот 116-ти роденден.

Ема, која живее во двособен стан, дури минатата година се согласи да прифати грижа и помош од друг.

– Со сила на волјата, можете да направите чуда, вели старицата.

Таа работела како текстилен работник до 75-та година. Од својата 25 година секое утро јадела по две живи и едно варено јајце, затоа што лекарите откриле дека боледува од анемија и и препорачале терапија со јајца.

Морано секојдневно јадела по три јајца од 25-та до 110-та година и во тој период изела вкупно 100.000 јајца.

Нејзиниот лекар, Карло Бава изјави дека старицата е совршено здрава.

– Таа целосно е свесна колку е среќна што живее толку долго. Мирно ги прифати сите последици од процесот на стареење. Ако сите мои пациенти беа како неа, во мојата ординација преку цел ден би читал весници, се пошегува Бава.