Нани се збогува со Олд Трафорд

Андреа Пасторело, агентот на португалскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Нани, потврди дека неговиот клиент најверојатно ќе си замине од “Олд Трафорд” на стартот од летниот преоден рок.

„Нани е многу важен фудбалер, сака да има статус на стандарден првотимец и да има поголема минутажа. Тоа го нема на “Олд Трафорд”. Поради ваквата ситуација, јас сум должен да изјавам дека мојот клиент сериозно размислува за промена на клупската средина. Ќе си замине од редовите на Манчестер Јунајтед. Италија е интересна дестинација, но италијанските клубови имаат проблем со платата на фудбалерите. Јунајтед има фантастична соработка со Фиорентина. Можно е челниците на италијанскиот клуб да покажат интерес и за мојот клиент”, изјави Пасторело.