По вчерашниот напад во Истанбул приведени 59 лица

По вчерашниот напад во Истанбул во кој загинаа 10 лица, турската полиција спроведе антитерориситчка операција во пет градови во земјата, при што се приведени 59 лица, јавува МИА, повикувајќи се на ТАСС.

Сите приведени се осoмничени за поврзаност со џихадистичката група Исламска држава (ИД). Операцијата е спроведена во Анкара, Шанљурфа, Мерсин, Килис и Адана.

Според телевизијата Хабер Турк, од 16-мината упасени во Анкара, дури 15 се државјани на Сирија, кои по завршувањето на истрагата се очекува да бидат протерани од Турција.

По вчерашниот напад во Истанбул приведени 59 лица
По вчерашниот напад во Истанбул приведени 59 лица

Меѓу уапсните во останатите градови има и поголем број турски државјани, кои се товарат за „терористичка активност“, што би можело да значи и дека се поврзани или се членови на Курдската работничка партија (ПКК).

Според полицијата, приведените имале задача да ги откријат „слабите точки“ на поголем број државни институции, кои потоа би биле цел на терористички напади.

За вчерашниот терористички напад во Истанбул повеќе на следниот линк.