Нападнат малолетник кај Зелен пазар

Вчера околу 22,10 часот во ПС ОН Центар, Ј.Н. (47) пријавил дека истиот ден околу 21,45 часот на ул.„11-ти Октомври“ поточно во близина на автобуската станица кај Зелен пазар, од страна на четири непознати лица извршено му било разбојништво на неговиот 15-годишен син, така што едно од лицата најпрвин го претресувал, а потоа му се заканил и му одзел мобилен телефон марка по што го напуштиле местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 6.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.