Нападнати 300 цели на Хамас во Појасот Газа во рок од 24 часа

Нападнатите цели вклучуваат „воени командни центри, подземни терористички тунели, складишта за оружје, локации за производство на оружје и пунктови за лансирање противтенковски ракети“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во моментов ги фокусираат своите операции на Џабалија во северниот дел на Газа.

„ Летало на ИДФ ги таргетираше вооружените терористи кои им се приближија на војниците на ИДФ и го погодија набљудувачкиот пункт што претставуваше закана за трупите на ИДФ користејќи прецизна муниција“.

Војската, исто така, објави дека лоцирала шахта од тунел во џамија во северниот дел на Појасот Газа. Уште еден бил откриен во земјоделската област во Беит Ханун, исто така на север.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.