Напаѓачите на Баерн (М) најдоа лек и за Новески

Иако даде се од себе и одигра без грешка, репрезентативецот на Македонија и капитен на германскиот бундеслигаш Мајнц, Николче Новески, не успеа во намерата да излези како победник во сите дуели против напаѓачите на актуелниот шампио и лидер на првенствената табела, тимот на Баерн (М).

Големиот притисок кој го наметнаа фудбалерите на Баерн (М) резултираше во последните 10 минути од натпреварот, прво со погодокот на Себастијан Шваинштајгер, а потоа и со погодокот на Марио Геце.
Убедлив триумф од 3:0 на гостувањето во Хановер остварија фудбалерите на Борусија од Дортмунд, а сигурен триумф од 3:1 во дуелот против фенерџијата на табелата, тимот на Брауншвајг, забележаа фудбалерите на Шалке.

Моментално четвртопласираниот тим на табелата, Баер од Леверкузен, денеска има обврска да слави во првенствената пресметка против екипата на Хофенхајм, а голема борба се очекува и на дуелот помеѓу екипите на Нирнберг и Ајнтрахт.
Резултати: Хановер – Борусија Д. 0:3, Шалке – Брауншвајг 3:1, Мајнц – Баерн М. 0:2, Волфсбург – Аугсбург 1:1, Штутгарт – Хамбургер 1:0, Борусија М. – Хановер 3:0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.