„Напред розово“ по десетти пат

Пациенти со рак на дојка, излечени од оваа болест и граѓани поддржувачи денеска по десетти пат учествуваа во традиционалната „Напред розово“ прошетка за подигање на свеста во борбата против ракот на дојка во Македонија.

Mинистерот за здравство Венко Филипче, пред почетокот на манифестацијата во Градскиот парк во Скопје, порача дека раната детекција и скринингот може да доведат до целосно излекување на ова сериозно малигно заболување од кое страдаат многу жени.

Во Министерството за здравство сме целосно посветени на спроведување на превентивната програма, на подобрување на системот на закажување на снимање за овие овие пациенти и напорно работиме на формирање на комисијата за позитивна листа на лекови, рече Филипче.

„Напред розево“ е уникатен настан кој ги обединува сите кои ја преживеале болеста, нивните пријатели, како и сите граѓани на Македонија. Со „Напред розево“ веќе десет години здружението „Борка“ и Македонија се дел од големото светско семејство на борци против ракот на дојка. На настанот им беа врачени „медал на честа“ на 10-те жени и мажи, кои се избориле со рак на дојка за нивната посветеност во кампањата „Напред розово“. Претходно групата „Трка за надеж“ учествуваше на Скопскиот маратон во трчање.