Наркозависник нападнал друг со моторна пила

Зависник од дрога со моторна пила нападнал друг зависник синоќа во Кавадарци, дознава Дневник. Според првичните информации, му нанел и телесни повреди.

Нашиот извор близок до кавадаречката болница рече дека среќа во несреќа е што нападнатиот е жив оти буквално можел да биде искасапен.

„Се работи за двајца млади луѓе, ергени, на над 25 годишна возраст. Нападнатиот е постар некоја година. Причината засега не се знае точно. Ама можно е во прашање да се нерасчистени долгови за дрога“, нагласи нашиот извор.

„Се јавивме во службата за итна медицинска помош во Кавадарци каде потврдија таков настан, но рекоа дека подетални информации би можеле да добиеме на хируршкото одделение во кавадаречката општа болница. Се јавивме и во болницата но ни кажаа дека дежурниот хирург е зафатен и засега не може да разговара со новинари“, пишува Дневник.