Населба Лисиче во понеделник без вода

ЈП Водовод и Канализација – Скопје ги известува своите корисници дека како резултат на изведување на технички зафат на ден во понеделник 26.08.2019 од 7:30 часот до завршување на интервенцијата, водоснабдувањето ќе биде прекинато во целата населба Лисиче.

-Имено би сакале да ве информираме дека во тој период ќе бидат инсталирани “затварачи” кои во иднина ќе обезбедат парцијален прекин на водоснабдувањето, односно само во деловите каде евентуално би се појавил дефект. Со ова ќе се надмине досегашниот проблем за прекин на водоснабдувањето во целиот реон, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.