22.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Наставници и ученици заболуваат од ковид, деца немаат компјутери, а Царовска крати од парите за образование

Граѓаните покрај навредите од Заев и Царовска го трпат и неуспехот на секое поле во општеството предизвикан од нивните лоши политики и неспособност. ВМРО-ДПМНЕ предупреди за хаосот предизвикан од неадекватното справување со КОВИД пандемијата во делот на образованието, кој го живееме денес. Но власта не презема ништо. Епилогот е секојдневно зголемување на бројот на заразени ученици и наставници. Уште поголема е бројката на оние кои се во самоизолација. Образованието не е на листата на приоритети на Владата, истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Секојдневно имаме инфицирани наставници, ученици, негувателки од градинки, мали деца. Фактите го говорат следново:
– Националната платформа не постои;
– Едукацијата на наставниците е неуспешна, дел од нив сè уште немаат компјутери;
– Голем број на ученици воопшто не се приклучуваат на наставата и оние 40.000 деца останаа без технолошки средства за следење онлајн настава.
Власта се соочува со неуспеси на полето на образованието. Вадат паушални статистики дека околу 88% од учениците непречено следат онлајн настава. Но, никој не кажува како дошле до таа бројка. Директорите на училиштата, секој ден во 10 часот добиваат апликација во која ги регистрираат проблемите и причините за нив. Каква е таа апликација, иста како платформата? Зошто директорите односно партиските кадри, даваат одговори наместо учениците и родителите? И што е со останатите 12%, ако може да се верува на статистиките на власта?
Хаосот е дотолку поголем со ребалансот на буџетот, со кој власта крати 21 милион евра од ставките за образование, реконструкција и изградба на студентски домови. Или подетално ги крати скоро сите 7 милиони евра за справување со КОВИД-19 додадени со првиот ребаланс на буџетот. Од парите наменети за развој на образованиот систем на основците се кратат 5 милиони евра, а во средното образование 2,2 милиони евра. Дополнително, минусирани се цели, 11,6 милиони евра наменети за функционално образование какво што заслужуваат идните академски граѓани, посочи таа.

– Министерке Царовска, после се ова, со нетрпение го очекуваме вашето ново видео на социјалните мрежи на кое со насмевка ќе зборувате како виртуелната училница во некои аспекти е предизвик, а по гасењето на камерите ќе се соочувате со вашите нелогичности. Министерке, треба да понесете одговорност за хаосот во образованието за кој сте директно виновна, децина е Митева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.