Наташа Фимчева е добитник на MINI ONЕ, главната премија на наградната игра на ОНЕ

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ ја додели главната премија во големата наградна игра “Патувај со ОНЕ и MINI” која започна на 7 октомври, а траеше до 29 декември, 2013 година. Среќниот ОНЕ корисник е Наташа Фимчева од Скопје која е добитник на ултра модерниот, безвременски автомобил MINI ONЕ.

“И честитаме на Наташа за наградата. Веќе од денес, овој прекрасен црвен автомобил МИNИ ОНЕ е во нејзина сопственост и OНЕ и посакува долго и безбедно возење. Нашите корисници покажаа голем интерес за наградната игра “Патувај со ОНЕ и MINI”, па ние и во иднина ќе продолжиме да ги наградуваме ОНЕ корисниците во вакви и слични наградни игри”, изјави Цирил Кафол, Главниот извршен директор на ОНЕ, кој пред управната зграда на ОНЕ и ги предаде клучевите од автомобилот на среќната добитничка.

Во трите месеци колку што траеше наградната игра “Патувај со ОНЕ и MINI” учесниците освојуваа и други вредни награди и тоа: секој ден телевизор Sony ТV 32”, модел: KDL-32R420 и секоја недела телевизор Sony TV 47”, модел KDL-47W8. За целото времетраење на наградната игра ОНЕ додели вкупно 73 дневни и 11 неделни награди.