НАТО Самит поради воената закана од Русија

Британскиот премиер Дејвид Камерун изјави дека НАТО мора да се преиспита дали е способен подобро да ги брани своите членки од потенцијалните воени закани од Русија.

Камерун изјави дека северноатлантскиот воен сојуз кој го предводи САД мора да подразмисли за своите односи со Москва, заради украинската криза јави Ројтерс.

Британскиот премиер кој следниот месец ќе биде домаќин на самитот на НАТО во Велс изјави дека ќе ја искористи можноста од 28 членки да побара преиспитување на односите со Русија на подолги патеки , имајќи предвид  дека Москва го доживува НАТО како противник.

НАТО, како што наведува британската агенција ги зајакна вежбите на истокот  на Европа откако Русија во март месец го анектираше Крим  и тројно го зголеми бројот на борбените авиони стационирани во регионот на Балтикот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.