Науновски: СДСМ применува недемократски методи во нивната опсесија да ја превземат власта

По објавата на скандалозните слики од неколку општински организации на СДСМ со бејзбол-палки и боксерски вреќи, политичките аналитичари коментираат дека кај челниците на СДСМ е евидентна патолошка потреба од враќање на власт по секоја цена.

-Во континуитет ова политичко раководство на СДСМ применува несоодветни, па дури и насилни, недемократски методи во нивната патолошка опсесија да ја превземат власта на недемократски начин во РМ и тука можеме да се потсетиме на фактите односно на изјавите на Зоран Заев кои се однесуваа на јадење живи луѓе, односно на најавата за политички реваншизам кога СДСМ ќе дојде на власт, истакна универзитетскиот професор Тони Науновски за вестите на Алфа ТВ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.