Неделковска: За исто кривично дело не може да се изрече иста казна

За исто кривично дело не може да се изрече иста казна бидејќи има различен сторител и делото е извршено на сосема различен начин, е една од реакциите, по критиките на Претседателот на Врховниот суд, Лидија Неделковска, поврзани за Правилникот за начин на одмерување на казните на Врховниот суд.

На денешното научно советување на темата: Казнена политика на судовите во Република Македонија, професор академик Владо Камбовски, истакна дека со Комисијата, која е составена од професори, судии и други истакнати личности кои имаат познавање на Казнениот закони, се дојдени до моментот на сумирање на резултатите од примената на новиот законик, бидејќи измените се веќе направени. Камбовски додаде дека измените придонеле за намалување на стапката на криминал.

Неделковска, пак се задржа на измените на законот кои стапија на сила од 1 декемри 2013 година, кога се воведоа нови институти како спогодување меѓу обвинителот и обвинетиот и неговиот бранител и признавање на вината на главната расправа.

„Изминатиот период се соочивме со коментари и критики дека за едно дело казната треба да иста за секого, но тоа не може да се направи бидејќи постои разлика во сторителот, во делото, во начинот на кој тоа е извршено. Повикана сум на оваа расправа за да го објаснам токму ова, бидејќи тоа се појаснува во Правилникот кој има обврска да го изработи и е веќе изработен претседателот на Врховниот суд“, вели Неделковска.

Таа за мерката спогодување додаде дека со неа е растеретена работата на судот, но колку е ефикасна треба да покаже времето. Неделковска додаде дека со оваа мерка и покрај спогодбата, судијата е тој на крај го има последниот збор, по сите завршени постапки, дали се прифаќа или не договорената казна.