Неделковски: Ако имаат докази Калајџиев и Хелсиншки нека ме тужат директно!

„Ако имаат докази, нека ме тужат директно, а не вака товарот на докажување да го префрлаат врз Јавното обвинителство“, посочува Миленко Неделковски.

 Тој за ТВ „Република“ објаснува дека е невозможна ниту тужба ниту кривична во таква форма и дека со тоа се замајува јавноста. Тоа адвокатите и правниците го знаат и затоа овие личности се обидуваат товарот на докажување да го префрлат на Обвинителството, а потоа и за него да може да посочуваат дека не си ја врши работата, додава Неделковски.

– Јавно ги повикувам Гордан Калајџиев и Хелсиншкиот комитет, тие да поднесат тужби против мене за клевета и за навреда. Си има закони оваа држава… Ако навистина имаат толку материјал, ако навистина се професори на Правниот факултет, ако навистина се толку фраери, нека ме тужат, таму, директно, тој мене, таму на суд да се видиме – повикува Неделковски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.