Негувателка ја тепала болната старица за која требало да се грижи

Негувателка ја тепала болната старица за која требало да се грижи. Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесе кривична пријава против 64-годишната Ј.М. од Скопје поради основано сомнение дека извршила кривично дело “Телесна повреда при вршење семејно насилство“ .

Во март годинава, синот на оштетената, Б.В. со усмен меѓусебен договор се договорил со пријавената истата да се грижи и да ја чува неговата 84 годишна мајка која е болна од Паркинсонова болест и деменција и е тешко подвижна, а за сметка на тоа тој без надомест и овозможил да живее заедно со мајка му и се грижел финансиски за сите нејзини потреби, бидејќи пријавената немала сопствен дом  и средства за егзистенција.

На 21-ви овој месец околу 00,30 часот на улица ,,Димо Хаџи Димов“ од страна на Б.В. преку поставениот видео надзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка – оштетената Н.В. заедно со пријавената Ј.М., случајно забележал на снимката која се снимала во тој момент како пријавената физички ја малтретирала неговата мајка удирајќи ја со рацете по главата и телото тегнејќи ја за косата, и туркајќи ја на креветот. Откако го видел тоа, Б.В. се симнал  на долниот кат, и истата ја спречил и понатаму физички да ја напаѓа и малтретира неговата мајка, по што ја истерал пријавената од нивниот дом. Горепријавената во повеќе наврати и во претходните месеци без повод и причина физички ја малтретирала оштетената, информираат од МВР.

Вчера пријавената била лишена од слобода и со неа е извршен  службен  разговор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.