Непознати крадци ја украле пепелта на Ганди

Непознати сторители украле дел од пепелта од посмртните останки на Махатма Ганди од неговито меморијален центар и вандализирале фотографии.

Неидентификувани сторители украдоа дел од пепелта од идеолошкиот лидер на Индија, Махатма Ганди од Меморијалниот центар Бапу Баван во Рева, централна Индија, на неговиот 150-ти роденден, соопшти индиската полиција.

Пепелта, била украдена вчера на 150-годишнината од неговото раѓање, а се чува во меморијалниот центар од 1948 година, кога еден хинду-фанатик го уби Ганди.

Сторителите  исто така исшкртале „предавник“ со зелена боја преку фотографиите на лидерот за независност на Индија од британската колонијална власт.